Зошто жените на нацистите не смееле да бидат слаби?

 
 

На жените во нацистичка Германија им било строго забрането да бидат на диета – бидејќи се сметало дека посилната градба на телото е најдобра за раѓање на здрави и силни деца. Нацистите сметале дека слабите жени ќе имаат компликации во бременоста.

Еден од првите закони што Хитлер го донел е оној од 1933 година – бил наречен Закон за поттикнување на брак. Според законот, државата позајмувала 1.000 марки, што тогаш било еднакво на 9 месечни плати. Дури 800.000 нови брачни парови ја прифатиле позајмицата.

Освен тоа, постоел и начин со кој се избегнувало враќањето на парите – раѓање на едно дете го намалувал долгот за 25 отсто, две деца 50 отсто, а со четири деца долгот бил поништен. Со тоа, Хитлер вовел успешен начин за поттикнување на наталитетот.

Постоела и долгорочна цел – како што Германија растела, ѝ биле потребни повеќе војници, бидејќи растечката популација барала младите момчиња да станат војници, а младите жени мајки.

Им било потребно големо население што ќе може да ги пополни празнините на источна Европа. Оваа политика зела толку силен замав што во 1943 година се размислувало да се воведе закон според кој секоја плодна жена би морала да има четири деца, а нивните татковци би морале да бидат „расно чисти“.

Хајнирх Химлер, водачот на СС, бил голем заговорник на оваа идеја. После исполнувањето на квотата со една жена, тогаш таткото би бил „пуштен“ од бракот за да може да оплоди и други жени. Сепак, законот никогаш не бил одобрен, бидејќи се стравувало дека ќе резултира со општествена анархија. На роденденот на својата мајка, 12 август, Хитлер кој цел живот пател за неа, сакал да додели Мајчински крст на жените кои би родиле најмногу деца.
1
Златниот крст би го добивале жени кои родиле дури 8 деца, среберниот крст би го добивале жени што родиле 6 деца, а бронзен, жени што родиле „само“ 4 деца. Со исклучок на неколку специфични професии, Хитлер не гледал никаква смисла во тоа жените да работат, нивната улога била да бидат добри мајки и сопруги, а тоа можеле да бидат само ако апсолутно се посветат на домот и семејството, односно на децата и сопругот.

Уште од мали девојчињата учеле дека добрите Германки треба да се омажат млади и треба да ги усреќат своите сопрузи.

-Мисијата на жените е да бидат убави и да раѓаат деца. Женката во птичјиот свет се разубавува за својот мажјак и за него неси јајца. Во замена, мажјакот се гриже за неа собрајќи храна и ја чува од непријателите – изјавил министерот за пропаганда, Јозеф Гебелс, во 1929 година.

Во Вајмарска Германија имало околу 100.000 наставнички, 3.000 докторки и околу 13.000 пеачки. За само неколку месеци по доаѓањето на Хитлер на власт, голем број докторки и државни службенички добиле отказ, а истото ги чекало и адвокатките.

На почетокот на Втората светска војна биле ретки оние жени кои имале работа со полно работно време. Сепак, поради недостаток на квалификувани луѓе, во 1937 година бил донесен закон со кој жените мораат да одработат „година дена должност“ – работеле бесплатно за да му помогнат на нацистичкото „економско чудо“.

Како домаќинки и мајки, лесно им го контролирале животот, а им било своетувано да не носат шминка или пантолони. Не им било дозволено да ја фарбаат косата или да носат минивал, бидејќи се верувало дека има лошо влијание врз здравјето, и врз плодноста.

(468)

Вашиот коментар