Имало надеж за нас. Откриен црв кој што се храни со пластика!

 
 

2 милиони пластични кеси се користат во светот секоја минута. Тешко е да се замислат купиштата од пластика што се акумулираат со години наназад.

Terrific News: Scientists Discovered Worms That Can Save Our Planet by Eating Plastic

Научниците се обидуваат да најдат решение додека владите воведуваат квоти за употреба на пластиката. Сепак, овој проблем останува сериозен до ден-денес. Но ситуацијата може да се промени со помош на еден вид црв. Ова неочекувано откритие ги натера научниците да прават истражувања и добија некои неочекувани позитивни резултати.

Овој црв што може да ни помогне да се бориме со пластичното ѓубре е всушност гасеницата наречена waxworm. Паразитира пчелни колонии и јаде восок, а исто така можете да го купите и како храна за домашни миленици, како гуштери на пример. Црвот, исто така, е корисен и за истражувањата со животни, бидејќи во некои експерименти може да ги замени цицачите. И последно, како што веќе знаеме, од неодамна се најде доста корисен да ни помогне во спречувањето на уништувањето на планетата.

Terrific News: Scientists Discovered Worms That Can Save Our Planet by Eating Plastic

Фактот дека гасеницата може да ја вари пластиката бил случајно откриен. Професорот Федерика Бертокини, која е пчелар покрај другото, ставила вакви црви во пластични пластични кеси за чување, но малку подоцна ги нашла кесите со мали дупки преку кои црвите излегле. Заедно со други свои колеги, научници, Паоло Бомбели и Кристофер Џ. Хоу, таа одлучила да спроведе истражување базирано на инцидентот со пластичните кеси користејќи 100 црви.

Тие ги ставиле црвите во пластични кеси и дупките почнале да се појавуваат по 40 минути. По 12 часа масата на пластика се намалила за 92 mg. За да потврдат дека црвите всушност ги вареле хемиските својства во пластиката, а не само да ја кинат, научниците згмечиле неколку црви и ги размачкале на кесите. Резултатите се повториле – дупките повторно се појавиле, а со тоа и надежта на човештвото дека постои решение за проблемот со пластичниот отпад.

Terrific News: Scientists Discovered Worms That Can Save Our Planet by Eating Plastic

Сега, научниците веруваат дека тајната лежи во ензим, кој се наоѓа во внатрешноста на црвите што им помага да ја варат пластиката. Освен тоа, тие веќе јадат пчелен восок, што е всушност “природна пластика”.

Наредно што треба да направат истражувачите е да го изолираат и разберат ензимот што ја вари пластиката и како процесот на дигестија се одвива во црвот, по што тие ќе бидат еден чекор поблиску до решавање на проблемот со пластичното ѓубре.

(241)

Вашиот коментар