Како да ја вклучите новата Viber функција и на кои уреди?

 
 

Viber официјално на 5. март ја објави надградбата на Viber, во која освен усовршените претходни промени и новиот изглед, апликацијата на Android уредите нуди и Dark Mode (темен режим) на интерфејсот.

Оваа опција им е достапна на сите Android уреди, односно Viber корисници на Android апликацијата, која е ажурирана на верзијата Viber v10.2.0. Dark mode моментно не е достапен за Viber Desktop, Viber Windows 10 апликацијата, но ни за iOS уредите.

Ако Dark mode не ви се појавува автоматски ни по ажурирањето, преку порака во подножјето на апликацијата, тогаш можете да го вклучите рачно.

Како да се вклучи Viber Dark mode:

– Ажурирајте ја апликацијата Viber, мора да биде на верзијата 10.2.0
– Кликнете на трите црти со натписот More
– Одете во Settings (Поставки)
– Спуштете се до подмнеито Изглед.
– Кликнете на куќичката покрај Dark mode (Темен режим).

(108)

Вашиот коментар