Мажите поминуваат седум часа годишно во тоалет, барајќи мир од семејството

 
 

Третина од мажите признаваат дека бегаат во тоалет за да добијат малку мир и тишина подалеку од жената и децата.

Истражувањето го нарача компанијата Pebble Grey, и покажа дека кратката пауза која мажите ја бараат во тоалет, всушност, изнесува седум часа годишно.

Истражувањето вклучувало 1 000 мажи, од кои една третина признале дека одат во тоалет за да избегаат од жената која им приговара или од децата кои не им даваат мир, така што тие во бањата уживаат во вестите или во социјалните мрежи, пишува „Дејли мејл“.

(27)

Вашиот коментар