Машките кукли кои не се заморуваат наскоро би можеле да ги заменат мажите

 
 

Мажите наскоро би можеле да бидат заменети со роботи кои на жените ќе им пружат врвно сексуално искуство, пишува “Disclose”.

Мажите наскоро ќе станат вишок во спалната соба, барем за некои жени, бидејќи тие лесно би можеле да бидат заменети со секс-роботи кои се појавија на пазарот пред неколку години, а во последно време се се’ попопуларни.

Меѓутоа, и самите кукли за забава не се како што некогаш биле. “Real Doll” е компанија која ја промени перцепцијата на луѓето кога станува збор за куклите наменети за пружање на сексуално искуство, а сега истата компанија работи и на создавање кукли од “машкиот пол”.

Од “Real Doll” изјавиле дека секс-куклата може да пружи задоволство како жив партнер, додека е во состојба да оствари и вербална комуникација. Тоа значи дека жените можат да разговараат со куклата пред, во текот и по сексот. Машките кукли ќе бидат програмирани со уникатни разговори, а секоја ќе има своја приказна.

“Gabriel”, како што е наречена оваа серија роботи, може да има сексуален однос цела ноќ доколку тоа е потребно, бидејќи не страда од проблеми поврзани со сексуалниот перформанс како што тоа може да е случај кај некои мажи.

Исто така, љубовните роботи денес изгледаат многу пореално отколку некогаш, но и функционираат многу подобро од старите кукли направени од пластика. Денешните секс-роботи се изработуваат од силикон кој по структурата е многу сличен на човечката кожа.

(54)

Вашиот коментар