Милиони Американци и понатаму мислат дека чоколадното млеко доаѓа од кафеави крави

Најмалку 45% од оние кои одговориле на анкетата на Центарот за млечни производи не се сигурни дали чоколадното млеко е природно или се добива индустриски.

Ако го посетите веб-сајтот на Иновацискиот центар за млечни производи на САД, ќе забележите дека најпоставувано прашање кај нив е „Дали чоколадното млеко доаѓа од кафеави крави?“, пишува Beyond Blind Fold.

Тие одговориле доста љубезно:

„Всушност, чоколадното млеко, како и секое друго обоено и ароматизирано, доаѓа од белото млеко и нема врска каква боја е кравата. Вкусовите се додаваат отпосле.“

Ова прашање со години е предмет на шеги и се верува дека на тој начин е и поставувано, но сепак, ги има и оние кои и покрај лесната достапност на информациите, сè уште се сомневаат во законите на природата.

 
 

Но, за да бидат нештата побизарни, постојат и изолирани случаи кои мислат дека синото сирење доаѓа од сини крави, иако никогаш не ни виделе сина крава во животот. Најмалку 45% од оние кои одговориле на анкетата на Центарот за млечни производи не се сигурни дали чоколадното млеко е природно или се добива индустриски. Околу 20% не знаеле дека нивниот омилен телешки бургер исто така, во принцип, доаѓа од кравата.

Сепак, многумина го обожаваат токму чоколадното млеко, а околу 30% ги користат своите деца како извинување за самите да го пијат.

(42)

  
 

Вашиот коментар