Мистерија која ги збунува научниците: Како оваа ѕвезда е постара од Универзумот?

 
 

Фасцинантната приказна е објавена во списанието „Се за вселената“ (All About Space), а се однесува на ѕвездата HD 140283 – која ги „нервира“ научниците речиси две децении, затоа што, по бројните тестови, се чини дека е постара од самиот Универзум. Тоа е невозможно?!

Репортерите од ова списание објавија историја на истражувањето за оваа ѕвезда и открија дека, иако научниците направиле одреден напредок во откривањето на датумот на нејзиното раѓање, тие сè уште не ја решиле мистеријата.

Астрономите се обидоа да ја датираат оваа ѕвезда пред 19 години користејќи го Hipparcos сателитот на Европската вселенска агенција (ЕSA).

Податоците сугерираат дека ѕвездата е родена пред 16 милијарди години, што е голем проблем: Универзумот, според најдобрите научни проценки, е стар околу 13,8 милијарди години – и ѕвездите започнале да се формираат милиони години по Големата експлозија.

Тогаш ѕвездата го добила прекарот Метузалем, по најстарата личност, чие име се споменува во Библијата, а наводно живеел 969 години.

Подоцна следеле нови мерења, според кои се проценува дека е стара околу 14,27 милијарди години. Сепак, и ова исто така значи дека е постара од Универзумот. На целата „драма“ околу староста на ѕвездата, се додава и новото истражување според кое Универзумот е стар околу 11,4 милијарди години.

(136)

Вашиот коментар