Мистерија на „камената шума“: Чудото на езерото открива тајни од минатото!

 
 

Пред 760 години голема ерупција го покренало создавањето на природното ремек дело кое денес е познато како езерото Кроули…

До „камената шума“ на калифорниското езеро се пристигнува по макадамски пат полн со дупки. Патем може лесно да се изгубите, особено на патот до плажата и мисичното чудо на природата.

5. илјади бели столбови, понекаде прошарани со портокалови или црвенкасти нијанси ги поврзуваат лакови, како некое ремек дело на морска архитектура. Ги има големи и малечки, а најголемиот достига и висина од 9 метри.

Помеѓу нив се кријат многу малечки пештери кои со столбовите покриваат површина од 7,5 квадратни километри, а вредно ги истражуваат посетителите кои се вљубени во ова место со исклучителна убавина. Набљудувајќи ги, многумина се согласуваат дека чувствуваат како да отпатувале низ времето или стасале во американската Помпеја.

Столбовите настанале со вулканско делување пред 760 илјади години.

После ерупцијата на вулканиот водата која настанала со топење на снегот и лед пронашла пат до вулкансиот пепел, а пареата кревајќи се помогнала во создавањето на ова ремек дело на природата.

Талогот од материјали, односно денешните столбови успеале да се спротивстават на силата на водата и до денес останале како потсетник на дамнешниот настан.

(125)

Вашиот коментар