Модераторите на „Фејсбук“ се толку истрауматизирани што пушат марихуана на работа

На луѓето што ја контролираат содржината на „Фејсбук“ деновите им минуваат читајќи и гледајќи теории на заговор, насилни убиства и говор на омраза, често и по стотици пати на ден.

Голем дел од нив, кои всушност работат за компанијата за професионални услуги „Когнизант“, не издржуваат ни цела година во консумирањето на најлошото од интернетот пред да се откажат, открива Кеси Њутон од „Верџ“. Во меѓувреме, модераторите со тоа се справуваат така што во текот на работното време пушат марихуана или имаат сексуални односи.

Овие откритија го покренуваат прашањето: кој треба да ја има задачата за заштита на корисниците од најтоксичната содржина на интернет и како самите тие лица можат да бидат поддржани?

Њутон разговарал со голем број сегашни и поранешни модератори на содржината на „Фејсбук“. Тие зборувале под услови на анонимност и опишале ситуација на систем со многу маани и работна средина која е штетна за менталното здравје на вработените.

 
 

– Дел од причините поради кои си заминав беше тоа колку небезбедно се чувствував во мојот дом и во мојата кожа – вели еден од вработените откако опишува како многу често други вработени со него се однесувале агресивно, па тој почнал да си носи пиштол за да се заштити.

Кај други вработени се развиле различни нарушувања поврзани со траума како резултат на тоа што морале да гледаат убиства и други нешта што луѓето ги споделуваат на „Фејсбук“ и на „Инстаграм“.

Некои почнале да веруваат во содржината што ја отстранувале – неколку вработени истакнале дека тие и нивните колеги биле изманипулирани од теориите на заговор. Еден модератор споменал колеги кои негирале дека холокаустот и пукањето во Паркленд воопшто се случиле, а еден поранешен вработен верувал дека настаните од 11 септември се внатрешна работа.

За да се справат со тешкотиите на нивната работа, голем број вработени признаваат дека се дрогирале или имале сексуални односи на работното место.

  
 

– Не ми ни текнува со колку луѓе сум пушел. Толку е тажно кога ќе помислам на тоа, навистина ми е тешко. Ќе одевме долу за да се напушиме и ќе се вратевме на работа. Тоа не е професионално – вели еден од вработените.

(11)

Вашиот коментар