Мрачната и ужасна страна на сопругата и најголема муза на Салвадор Дали

Кога се зборува за Гала Дали, се зборува за муза и инспирација, за најголемата љубов на славниот уметник.

Она што поретко се кажува е нејзината ужасна страна, особено тоа што имала многу љубовници во уметничкиот свет. Многумина ја презирале, а режисерот Луис Бунјуел во својата биографија напишал дека сонувал како ја дави Гала Дали.

Откако станала сопруга на Салвадор Дали, таа го мотивирала да биде поуспешен, но станала и мегаломанка, била опседната со пари и се впуштала во афери со други мажи. Меѓутоа, нејзиното уметничко влијание врз работата на Дали е неспорно, бидејќи и самата била напреден и креативен уметник.

mrachnata-i-uzhasna-strana-na-soprugata-i-najgolema-muza-na-salvador-dali-03.jpg

 
 

Вистинското име на Гала е Елена Ивановна Дијаконова. Родена е во Русија, а прекарот Гала го добила од едно момче кое го запознала во швајцарски санаториум, каде лежела додека била болна од туберколоза.

Подоцна таа стапила во отворен брак со истото момче, Елуард, кој бил уметник и поет, а кој ја запознавал и со многу од нејзините љубовници.

mrachnata-i-uzhasna-strana-na-soprugata-i-najgolema-muza-na-salvador-dali-02.jpg

Сепак, во Салвадор Дали таа навистина е вљубила, а особено ја ценела неговата настрана смисла за хумор. Таа сметала дека во него има потенцијал за генијална уметност. Така, од луксузот со животот со Елуард, се преселила во колиба во Шпанија. Бргу потоа почнала да има сексуални односи со други луѓе, со кои го надоместувала она што не го добивала од Дали.

  
 

Сепак, тие останале заедно. Таа за да биде негова поддршка и инспирација, а тој за да може да се движи скалило по скалило нагоре во светот на уметноста. Многу негови дела се потпишани со „Гала-Салвадор Дали“. Причина за тоа се и нејзиното учество во создавањето на делата, но и неговата фасцинација и стравопочит кон саканата.

mrachnata-i-uzhasna-strana-na-soprugata-i-najgolema-muza-na-salvador-dali-04.jpg

Жедта за пари на Гала резултирала со многу измами. Таа сакала да се коцка и да троши пари за секс со млади љубовници. Во даден момент, фалсификувала дела на Дали и ги продавала како негови, заработувајќи големи суми. Меѓу нејзините љубовници бил и синот на нејзин поранешен љубовник, кој го растурил бракот токму поради неа.

Но, без оглед за целата реалност околу Гала, светот и понатаму ја гледа и почитува како една од најинспиративните жени во уметноста.

loading...

(72)

Вашиот коментар