НАСА: Благодарејќи на Кина и Индија, Земјата е “позелена” отколку пред 20 години

 
 

Сред силно вклучените аларми за климатските промени, кои понекогаш се и оправдани, има и информации кои прикажуваат поинаква слика.

Како на пример објавената студија во “Journal of Climate” на американското метеоролошко друштво кое покажува дека климатските модели го преувеличуваат глобалното затоплување од емисиите на CO2 за околу 45%.

Или студијата во списанието “Nature Geoscience” која открива дека климатските модели биле погрешни. Како што вели еден од авторите на таа студија: “Ние не го видовме тоа брзо затоплување по 2000 година, како што го гледавме во моделите”.

Или фактот дека популацијата на поларните мечки во последните години се зголемува?

Но тука, како тема на оваа статија, е фактот што треба радосно да го прославиме, а тоа е дека нашиот свет е буквално позелено место отколку што беше пред 20 години, според податоците од сателитите од НАСА. Причината за вишоците зеленило? Човечко-индуцирана активност во Кина и Индија, а нив за што и да ги земеш, не се за фрлање.

Зеленилото е направено од луѓе
Студијата на НАСА ќе дојде како изненадување за многумина, бидејќи веќе некое време не ни била кажувана балансирана перспектива за она што се случува со нашата клима. Да, постојат предизвици што треба да ги решаваме со Земјата, главно загадувањето на водата, почвата, воздухот и проблемите со земјоделството и сточарството.

Меѓутоа, одлична вест е тоа што земјите со најголемо население во светот, Кина и Индија, водат кон озеленувањето на Земјата. Само во 2017 година, Индија го сруши сопствениот светски рекорд за засадени дрвја од волонтерите кои се собраа заедно за да засадат 66 милиони садници за само 12 часа! Кога се сака, брзата промена може да се случи! 12 ЧАСА еј!

Од средината на 1990-тите, сателитските податоци почнале да снимаат “позелена“ слика, што довело до прашањето дали човечката активност всушност помага во раззеленувањето на планетата.

По 20 години собирање на податоци од инструментот на НАСА, кој орбитира околу Земјата на два сателита, наречен модерен спектродиодиометар (MODIS), знаеме дека зелената прекривка на Земјата е зголемена за 5% во последните две децении. Низ бројки би се рекло за дополнителни два милиони квадратни милји.

MODIS има фотографирано минимум четири слики од секое место на Земјата, секој ден во последните 20 години.

Иако целото посадување во Кина и Индија не ја компензира штетата што ја гледаме преку дивјачкото сечење цели шуми во Бразил и Индонезија, добра е пораката што сакаме да ја пратиме како луѓе, а тоа е дека кога ќе препознаеме дека постои проблем, превземаме нешто во врска со тоа.

(76)

Вашиот коментар