Најопасните личности за пребарување на интернет

 
 

Компанијата McAfee спроведе истражување за тоа кои славни личности се најопасни за пребарување на интернет и објави нови листи на имиња со кои треба да бидеме внимателни.

Кога станува збор за листата на Велика Британија, на врвот е Ким Кардашијан, додека на американската листа е  Руби Роуз.

Реј Самани од компанијата McAfee предупредува дека живееме во брз свет кој е под силно влијание на поп културата и социјалните медиуми. Затоа е многу важно луѓето да ја заштитат својата приватност и своите уреди и да бидат внимателни во дигиталниот свет.

„Многу е важно корисниците да размислат пред да кликнат некоја страница на интернет за да бидат безбедни во дигиталниот свет и да ги заштитат своите уреди, но и својата приватност“, предупредува Самани.

Според листата на Велика Британија, по Ким Кардашијан која секојдневно ја пребаруваат милион луѓе, следат Наоми Кембел, Кортни Кардашијан, Адел, Каролин Флек, Роуз Бирн, Бритни Спирс, Ема Робертс и Ферн МекКен.

Според американската листа, по Руби Роуз следат Мерион Котилард, Линда Картер, Роуз Бирн, Дебра Месинг, Кортни Кардашијан, Амбер Херд, Кели Рипа и Бред Вилијам Хенк.

(32)

Вашиот коментар