Најскапите чевли на светот чинат 17 милиони долари

 
 

Најскапите чевли во светот, вредни неверојатни 17 милиони долари, беа претставени во познатиот хотел „Бурж Ал Араб“ во Дубаи.

На настанот присуствуваа само 50 привилегирани гости, кои имаа можност од блиску да ги видат високите потпетици со име „страсни дијаманти“.

Чевлите се дизајнирани и изработени во Италија, имаат 236 дијаманти и уште два 15-каратни дијаманта со ознака Д, што значи, совршена боја и чистота.

Се работи за уникатно модно парче какво што досега не е видено, изјавија организаторите на изложбата во Дубаи.

(23)

Вашиот коментар