Најсмртоносните намирници во светот

 
 

Како што се што свети не е злато, така и се што мрда и е во главно месо, не се јаде, зошто може да ви се случи тоа да ви биде последниот оброк.

Маниока-Коренот од маниока е одличен додаток на карипските јадења и мора да се подготвува внимателно. Доколку не е термички обработен гостите би можеле да починат од труење со цијанид.

Рибата Фугу- Овој јапонски специјалитет е многу вкусен ако е добро подготвен, но ако готвачот згреши може трагично да завршите. Месото од рибата содржи тетродотоксин кој предизвикува смртни последици, затоа готвачите минуваат низ специјален тренинг за да го отстранат пред послужување.

Крвави школки-Овие школки се врвен деликатес во Кина, поточно во Шангај, но уживањето во нив може да ви пренесе хепатитис А и Е, па затоа се строго забранети од 1988-ма година. Но, благодарение на нелегалниот пазар и понатаму може да се вкусат на одредени локации. Наш совет е доколку ви ја понудат оваа крвава закуска – мудро да ја одбиете.

 Африканска бик-жаба-Жабите се деликатес во целиот свет, но африканскиот подвид бик-жаба (Bullfrog) предизвикува оштетување на бубрезите ако термички не се обработи добро пред консумирањето.

(202)

Вашиот коментар