На Зукенберг му се ближи крајот…

 
 

Четворица големи инвеститори во Фејсбук ги ставија своите потписи на заедничкиот акционерски предлог за менување на Марк Закерберг од водечката позиција на компанијата заради „лошо справување“ со скандалите.

Тие се надоврзаа на постоечкото барање Фејсбук да назначи независен претседател. Доколку барањето биде прифатено од инвеститорите, вклучително и менаџментот на Фејсбук, Закерберг ќе ја изгуби својата двојна улога како ЦЕО и претседател на бордот на Фејсбук.

Минатата година се туркаше сличен план кој доби поддршка од 51% од независните инвеститори во Фејсбук, меѓутоа заглави заради поставеноста на акциите во компанијата.

Во Фејсбук има акции од А класа и од Б класа, овие вториве имаат 10 пати поголема гласачка моќ отколку првите. Закерберг поседува над 75% од акциите од Б класа, што значи дека тој има над половина од гласовите во компанијата, па секој обид за негов пуч е осуден на неуспех.

Проблемот со двојната функција на Закерберг е што тој е претседател на бордот кој ја надгледува работата на компанијата која Закерберг ја раководи како ЦЕО.

Ставот на инвеститорите е дека моменталниот надзор над работата на компанијата е неадекватен, што може да се поправи само ако има независен претседател на бордот. Меѓу гревовите што му ги припишуваат на Закерберг се начинот на кој се справи со скандалот со Кембриџ аналитика, стандардното протекување на лични податоци на Фејсбук корисници и хакирање на нивните профили.

Претходно ставот на Фејсбук е дека отстранување на Закерберг од позицијата ќе предизвика „несигурност, конфузија и неефикасност кај бордот и менаџерските функции“.

(28)

Вашиот коментар