На микрониво, сите јадеме по малку пластика

 
 

Научниците за првпат добија докази дека луѓето заедно со нивната храна внесуваат и микроскопски пластични честички.

Интернационалното истражување, спроведено во осум земји, ги потврди стравувањата што се појавија пред неколку години, дека микропластиката што ја јаделе рибите, но и другите морски животни, порано или подоцна може да се пренесе и кон други консументи низ синџирот на исхрана. Имено, микрочестички од девет различни видови на пластика биле пронајдени во секој од испитуваните примероци. Според експертите, пластиката во цревата може да го потисне имуниот систем и да го помогне пренесувањето на токсини, штетни бактерии или вируси.

Честичките откриени во примероците од измет биле со пречник од 50 до 500 микрометри, а најчесто биле составени од полипропилен (ПП) и полиетилен терефталат (ПЕТ). Во просек, научниците откриле околу 20 микропластични честички во секои 10 g столица.

Според д-р Филип Шваби од Медицинскиот универзитет во Виена, Австрија, којшто го предводи истражувањето, откритието подига низа грижи за последиците, особено за пациентите со гастроинтестинални заболувања.

“Иако при истражувањата највисоките концентрации од пластични честички кај животните беa пронајдени во цревата, треба да се има предвид дека најмалите микропластични честички можат да навлезат во крвотокот, лимфниот систем, а дури може да стигнат и до црниот дроб.”, вели Шваби. “Сега кога ги пронајдовме првите докази за микропластика внатре во системот на луѓето, потребно е понатамошно истражување за да разбереме што ова значи за нивното здравје.”

При истражувањето не бил откриен директниот извор за сите пластични честички. Дневникот за исхрана којшто го воделе сите учесници во истражувањето покажал дека сите консумирале храна и пијалоци завиткани во некој вид пластичнио пакување. Нитуе еден од учесниците не бил вегетаријанец, а само шестмина јаделе морски риби.

Image result for marine life and plastic

Претходните истражувања покажале значителни количини на пластика кај туната, јастогот и ракчињата. Се проценува дека 5% од произведената пластика завршува во светските океани, каде постепено се распаѓа и се јаде и апсорбира од морскиот жив свет. Но, истражувачите стравуваат дека пластиката може да потекнува и од пакувањата на храната, или од техниките на обработка или производство.

Сепак, за некои експерти откритието воопшто не изненадува. Професорот Алистер Боксал од Универзитетот на Јорк, експерт за животна средина, потсетува дека микропластиката претходно е пронајдена во водата од чешма, во флашираната вода, во рибите и школките, па дури и во пивото.

Тој додава: “Ние исто така сме изложени на честичките од домашна прашина, материјалите за пакување на храната и употребуваме пластични шишиња. Значи, неизбежно е дека барем нешто од сиве овие работи ќе навлезе во нашите бели дробови и во системот за варење”.

(113)

Вашиот коментар