На северот на Атлантикот се подготвува страшна ерупција – можен хаос во Европа и Северна Америка

 
 

Научниците предупредуваат дека огромен вулкан на Исланд се подготвува за ерупција , која во споредба со онаа од пред осум години , кога се поремети воздушниот сообраќај над Европа, ќе биде страшна.

Исландските и британските вулканолози предупредуваат дека вулканот Катла емитира големо количество јаглерод диоксид , што значи дека коморите многу бргу се полнат со огромно количество магма. Според британските медиуми , научниците сметаат дека се подготвува ерупција далеку посилна од онаа на исландскиот вулкан Ејафјадлајекидл во 2010, што предизвика огромно количество пепел што го блокира целиот воздушен сообраќај над Европа.

Истражувањето на активноста на вулканот Катла е објавено во списанието Geophysical Research Letters  каде се наведува дека овој вулкан секој ден испушта меѓу 12 и 24 килотини јаглерод диоксид.

Само два други вулкана на светот создаваат толкаво количество гасови. ,, Преку прецизсни мерења во воздухот се покажува дека Катла , еден многу опасен субглацијален вулкан, што последен пат еруптираше пред сто години , сега е еден од најголемите вулкански извори на ЦО2 на Земјата , што испушта до пет проценти од вкупните глобални вулкански емисии.” , се наведува во извештајот.

Научниците се уште не знаат кога точно би се случила ерупцијата.

(88)

Вашиот коментар