Неверство: Жените многу полесно наоѓаат љубовник

 
 

Жените ги изневеруваат мажите поради потреба од љубов, емотивна исполнетост и романтика, додека мажите сакаат сексуална возбуда и излез од монотониот брак, но и да го нахранат егото – покажало истражувањето на еден британски портал.

Жените почесто се заљубуваат во љубовниците и во изневерување се впуштаат после петатта година од бракот, а мажите после шестата.

Двата пола се согласуваат дека моногамијата е неприродна состојба, иако 76 отсто од дамите и 67 отсто од мажите и покрај тоа што изневеруваат, си ги сакаат партнерите.

Околу 80 отсто од тие што изневеруваат планираат да останат во брак, додека 40 отсто од жените и 30 отсто од мажите би побарале развод ако дознаат дека партнерот ги изневерува.

– Жените полесно наоѓаат љубовник и најчесто имаат потполна контрола – вели Емили Поп од британскиот портал.

(427)

Вашиот коментар