Никој уште не знае што паѓаше од небото над Чиле

 
 

Кога дожд од огнени топки паѓаа во Чиле минатиот месец, сите претпоставија дека се работи за метеори, па мистеријата брзо заврши. Но, анализите покажаа дека нема ниту трага од такво нешто.

Мистериозниот огнен феномен падна на седум локации во градот Далкауе на чилеанскиот остров Чилое кон крајот на септември. Мораа да интервенираат локалните пожаникари бидејќи огнените топки предизвикаа мали пожари.

View image on Twitter

View image on Twitter

Првичните информации велеа дека се работи за дожд од метеори. Но, анализите направени од чилеанските геолози покажаа дека на ниту една од седумте локации каде паѓаа огнените топки нема ниту минумална трага од метеор.

Чилеански геолог истражува една од локациите

Па што тогаш паѓаше од небото над Чиле? Со елиминирањето на метеорите, сега претпоставките се дека се работи за вселенски отпад. Сепак, понатамошната истрага ќе треба да потврди дали оваа теорија е точна или мистеријата ќе продолжи.

Островот Чилое

(110)

Вашиот коментар