Ниските луѓе се поагресивни од високите, според науката…

 
 

Според фолклорот, Наполеон го компензирал својот недостаток на висина, барајќи моќ и водење војна. Од друга страна, една неодамнешна студија тврди дека ниските мажи се поагресивни од оние повисоките.

Short People Are Angrier Than Tall People, According to Science

Според едно ново истражување спроведено од страна на научниците на Центарот за контрола на болести во Атланта, Џорџија, пониските луѓе имаат тенденција да бидат полути и понасилни од оние што се високи.

Научниците ставиле под обсервација 600 мажи, на возраст меѓу 18 и 50 години и утврдиле дека оние кои се чувствувале помалку мажествено биле 3 пати повеќе склони да извршат насилнички напади или кривични дела. Научниците велат дека ова е резултат на “стресот на машките разлики” што ги предизвикува да бидат поагресивни.

Поради општествените стереотипи, еден од начините на кој мажите се чувствувале помалку мажествени е кога имале впечаток дека нивната висина е пониска од просекот. Тие велат дека пониските мажи дејствуваат поагресивно за да го надоместат својот недостаток на висина. Овој синдром е популарно познат како “Наполеонов комплекс”. Првпат бил идентификуван во 1926 година од страна на австрискиот психоаналитичар Алфред Адлер.

Во 2018 година, еволутивниот психолог Марк ван Вугт и неговиот тим на истражувачи од универзитетот Врие во Амстердам откриле дополнителни докази за Наполеоновиот комплекс кај мажите. Тие дошле до заклучок дека мажите кои се ниски се однесуваат поагресивно во интеракција со повисоки мажи. Според нив, пониските мажи имаат посилни чувства на ранливост и повисоки нивоа на параноја.

Short People Are Angrier Than Tall People, According to Science

Сепак, многу е веројатно дека самата студија вклучувала тест група која била премногу мала за да ја предвиди точната корелација помеѓу висината и агресијата. А имало други истражувања исто така, кои довеле до контрадикторни наоди. Во 2007 година, слично истражување на Универзитетот од Централен Ланкашир носи сугестии дека Наполеоновиот комплекс е најверојатно мит.

Ова истражување откри дека ниските мажи имаат помала веројатност да го изгубат трпението отколку мажите со просечна висина. За време на експериментот, субјектите биле задолжени да имаат судири едни со други додека нивната работа на срцето била мониторирана. Срцевите мониторирања покажале дека на повисоките мажи поверојатно попрво “ќе им прекипе” и ќе удрат први.

Истражувањето за раст во Весекс, кое го следи психолошкиот развој на децата од времето кога тие влегуваат во училиште, па се до зрелоста, открива дека “не се пронајдени значителни разлики во функционирањето на личноста или аспектите од секојдневниот живот што би можело да се припишат на висината”.

Short People Are Angrier Than Tall People, According to Science

Па што мислите за ова? Дали пониските луѓе се поагресивни или повисоките луѓе се тие со поголема веројатност први да го изгубат темпераментот? Или мислите дека височината нема врска со темпераментот на лицето?

(85)

Вашиот коментар