Новиот супер брз воз во Индија се расипа откако удри во крава

 
 

Првиот брз воз во Индија имаше немилосен почеток на животот на шините, откако се расипа поради тоа што удрил во крава на своето прво патување.

Венде Бхарат Експрес беше отворен од премиерот Моди во петокот, пред да замине од Делхи до хиндускиот свет град Варанаси. Но, по враќањето во главниот град наредниот ден, возот налетал на крава, што на резултирало примарно со тоа да откажат потполно кочниците, според индиските железници.

Набрзо потоа, бил забележан чад во последните четири вагони и енергијата се изгубила во сите оддели. Во таква состојба, сите патници што патувале биле принудени да фатат друг воз до Њу Делхи.

“Возот подоцна доживеа технички проблеми и беше заглавен на патот кон Делхи”, изјави портпаролката на индиските железници, Смита Ватс Шарма, за АФП.

Prime Minister Modi inaugurated the train on Friday. Credit: PA

Сепак, портпаролката појасни дека возот на крајот сепак стигнал во главниот град, пред своето прво комерцијално патување.

Значи, имаме среќен крај, но сосема срамен почеток.

Возот од класата на средна-брзина достигнал до 180 километри на час за време на тестовите и се очекува да го намали времето за патување помеѓу Дели и Варанаси за шест часа.

(307)

Вашиот коментар