Нѝ пристигнува студ каков што светот не памети: Сателит на НАСА измерил шокантни податоци

 
 

Сонцето влегува во еден од своите соларни минимуми во космичката ера. Сончевите пеги не се појавија во речиси сите претходни месеци од 2018 година, а ултравиолетовото зрачење нагло опадна.

Новите истражувања покажуваат дека највисоките слоеви на Земјината атмосфера реагираат и дека светот го очекува огромен студ.

“Очигледен е трендот на ладење”, изјавил Мартин Млинчак од истражувачкиот центар “Ленгли” кој додал:

“Високо над Земјината површина, нашата атмосфера ја губи топлотната енергија. Доколку сегашните трендови продолжат, горните слоеви на атмосферата наскоро би можеле да станат рекордно студени, односно најстудени во космичката ера”.

Овие податоци ги открил инструментот “Сајбер” кој се наоѓа на сателитетот “Тајмд” на НАСА. Тој ги следи емисиите на јаглерод диоксид и азот оксид, две супстанци кои играат важна улога во енергетскиот биланс на воздухот од 100 до 300 километри над површината на нашата планета.

Со мерењето на инфрацрвеното зрачење на овие молекули, “Сајбер” може да ја утврди топлотната состојба на гасот на самиот врв од атмосферата, односно во слојот кој научниците го нарекуваат термосфера.

“Термосферата секогаш се лади во текот на сончевиот минимум и тоа е еден од најважните начини на кои 11-годишниот сончев циклус влијае на нашата планета”, објаснува Млинчак.

Кога 11-годишниот циклус се приближува кон крајот, термосферата е близу до тоа да биде рекордно студена. Млинчак вели дека тоа би можело да се случи за неколку месеци од сега.

Неодамнешните студии на Млинчак и неговите соработници прикажуваат дека состојбата на термосферата варира во зависност од сончевите циклуси, а варијациите можат да се опишат со помош на пет едноставни изрази: “многу студено”, “студено”, “неутрално”, “топло” и “многу топло”. Нам не’ очекува период на “многу студено”.

(157)

Вашиот коментар