Оваа боја никогаш нема да ја видите на ниту едно знаме на светот

 
 

Знамиња на држави има во најразлични бои, украсени со секакви елементи, како орел, ѕвезди, змејови, сонце како што е македонското, а има знамињата многу слични меѓу себе, па некогаш доведуваат до забуна кое на која држава е.

Меѓутоа, ако добро ги препознавате боите и грбовите, сигурно сте забележале една работа, а тоа дека на ниту едно знаме ја нема лилјаковата боја.

Причината за тоа е што меѓу останатото, лилјаковата боја во минатото била многу скапа. Во старите времиња таа се добивала од посебни видови на морски полжави од Медитеранот. Било потребно повеќе од 10.000 полжави за само еден грам боја.

Поради тоа оваа боја била ценета како и злато, пишува порталот „Quora.com“. Лилјаковата боја во поголемиот број од случаите ја поврзувале со кралските семејства, затоа што единствено тие имале услови да ја носат.

Кралицата Елизабета во 16. Век наредила лилјаковата боја дека смеат да ја носат само членовите на кралското семејство. И никој освен нив. Меѓутоа, оваа боја понекогаш била скапа и за самите владари.

Римскиот император Аурелије и забранил на својата сопруга да купи свилен лилјаков шал, затоа што едно шишенце лилјакова боја чинело три златни полуги, што денес би изнесувало околу 50.000 евра.

Престижниот статус на лилјаковата боја се променил тек во 1856 година, кога студентот од британскиот универзитет, Вилијам Хенри Перкин, обидувајќи се да пронајде лек за маларија, случајно открил како да произведе синтетичка лилјакова боја.

Со тоа нејзиното производство било значително олеснето, лилјаковата боја станала достапна за сите, па не чуди што станува многу почеста некаде околу 1900 година, а сега е и една од попопуларните, посебно кај понежниот пол.

(69)

Вашиот коментар