Оваа птица официјално повеќе не постои во дивината

Сината ара, вид на папагал познат низ целиот свет откако анимираната верзија стана главен карактер на цртаниот филм „Рио“, повеќе не постои во дивината.

Иако и впо споменатиот цртан филм папагалот Блу беше посветен на обидот за спасување на својот вид, со истражување е утврдено дека таквите птици ко потенуваат од Бразил повеќе не постојат во дивината.

Сините ари се една од осумте видови папагали, од кои половина од Бразил, за кои „БрдфЛајф Интернешенл“ потврди дека се изумрени или наведуваат дека се соменува за нивно истребување. Исчезнувањето на површините со шуми е наведено како главен виновник за исчезнувањето. Во соопштението е нагласено и дека прв пат се случило изумирањата на копно да се премесуваат и на островите.

– Деведесет отсто од истребувањата на птиците во скоро време беше во доменот на видовите кои живеат на острови. Сепак, нашите резултати потврдуваат дека бројот на изумрените се шири низ сите континенти, а при губење на природните живеалишта и деградација поради неодржливоста на земјоделството и сечата на дрвата.

 
 

Во цртаниот филм „Рио“ од 2011. година, главниот јунак Блу израснал во заробеништво, но од Минесота со својот сопственик патува во Бразила за да ја зголеми бројноста на својот вид со женката Џул, последниот папагал во дивината. Како се испоставило, филмот пристигнал до малите екрани со задоцнување од 11 години затоа што Џуј најверојатно страдала во 2011. година.

Според извештајот, уште околу 60 до 80 примероци од тој вид папагали живеат во заробеништво.

(13)

  
 

Вашиот коментар