Огромен камен вреден цело богатство пронајден во рудник – го надмина и најголемиот дијамант, а доби и посебно име

 
 

Oгромен и многу редок смарагд, чија вредност се проценува на повеќе од 2,5 милиони долари, пронајден е во рудник во Замбија.

Каменот содржи 5,655 карати.

Го откриле геологот Дебаприј Ракшит и рударот Ричард Капет во Кагем, во најголемиот рудник за смарагди, а каменот тежи 1,1 килограми.

Смарагдот бил наречен “Инкалам” , што на локалниот јазик значи лав.

Инаку, давањето на име е резервирано само за ретки и многу вредни драгоцени камења.

View image on Twitter
Смарагдот Инкалам е речиси два пати поголем од најголемиот небрусен дијамант на светот, кој е пронајден во 1905 година во Јужна Африка. Смарагдите се пронаоѓаат почесто, но е потешко да се проценат.

Инкалам ќе биде продаден на приватна аукција во Сингапур во ноември, а 10% од таа сума ќе биде донирана за проектите за заштита на дивите животни во Замбија и Мозамбик.

(44)

Вашиот коментар