Од следната година ниту едно Волво нема да може да вози побрзо од 180 км/ч.

Шведската автомобилска компанија Волво планира да воведе електронско ограничување на максималната брзина на своите автомобили од 2020 година.

Како што е најавено, секое ново Волво од следната година ќе има ограничување до 180 км/ч. Од компанијата наведуваат дека ваквото ограничување ќе го намали бројот на сообраќајни несреќи кои се предизвикани од неприлагодена брзина.

Според последните податоци на Американската служба за безбедност во сообраќајот, 25 отсто од сите фатални несреќи во САД се предизвикани од возење со преголема брзина.

“Никој нема да страда од новите Волво автомобили”, нагласуваат Швеѓаните.

 
 

Освен тоа, Волво планира да воведе и технологија која автоматски ќе ја лимитира брзината на возилата во близина на болниците и училиштата. Исто така, планирано е и воведување на систем кој ќе препознава опијанетост и деконцентрација на возачот, кои се чести причини за сообраќајни несреќи.

“Сакаме да покренеме расправа дали произведувачите на автомобили имаат право или дури обврска да инсталираат технологија која ќе го промени однесувањето на возачот, за да се спречат работи како пречекорување на брзината, опијанетост и деконцентрација. Немаме цврст одговор на тоа прашање, но веруваме дека мора да покренеме дискусија и да бидеме пионири”, вели директорот на Волво, Хакан Самуелсон.

(28)

  
 

Вашиот коментар