Опасните „selfi“ носат сè повеќе животи: За лајкови спремни се да жртвуваат сè!

 
 

Со цел да добијат што е можно повеќе лајкови, некои луѓе се подготвени да го ризикуваат сопствениот живот.

Во обид да направат совршено селфи, во екстремно опасни ситуации, од 2011-та до 2017-та година, загинале 259 луѓе, покажува студијата на Американската национална медицинска библиотека.

За да се намали ризикот од вакви смртни случаеви, истражувачите препорачуваат на опасните локации да се воведат зони, на кои ќе биде забрането да се прави селфи, пренесува „BBC“.

Тоа би се однесувало на врвот на планините, високите згради и езера, кадешто загинале најголем број на луѓе.

Студијата покажува дека најчестите причини за смрт на оној кој прави опасно селфи се давење, сообраќајни несреќи и паѓања. Но, имало и случаеви кога луѓето настрадувале од животни, пожари и огнено оружје, како и струен удар.

Истражувачите напоменуваат дека во 2011-та година биле пријавени само три смртни случаеви, поради правење селфи, но таа бројка се зголемила на 98, во 2016-та, и 93 во 2017-та година.

Во истражувањето е истакнато дека смртните случаеви кои се настанати поради опасни селфиња, често не се пријавувани.

(190)

Вашиот коментар