Парадата на пингвините одложена поради невообичаено топлото време

 
 

Невообичаено високите температури за овој период на годината ги спречија пингвините денеска да ја започнат традиционалната парада околу Зоолошката градина и аквариумот во Питсбург.

Секоја година Парадата на пингвини во оваа Зоолошка градина почнува на почетокот на декември, но во областа викендов се измерени 10 Целсиузови степени поради што одржувањето на Парадата е презакажано за 8 декември.

На интернет-страницата на Зоолошката градина на Питсбург е наведено дека температурата треба да биде под седум степени за да излезат пингвините.

Пингвините сами одлучуваат колку долго ќе шетаат на отворено или ќе си играат во снегот во близина на својот дом во текот на Парадата, за која од Зоолошката градина велат дека би можело да трае од 10 до 30 минути.

Парадата на пингвините во ЗОО на Питсбург се одржува секој викенд од почетокот на декември до крајот на февруари.

(35)

Вашиот коментар