Писател тврди дека конечно открил каде се наоѓа древната Атлантида, а локацијата можеби ќе ве изненади

 
 

Со векови археолозите се обидуваат да откријат каде се наоѓа локацијата на изгубената Атлантида и дали воопшто постоела.

Атлантида се споменува и во списите на Платон 400 години п.н.е и е опишана како напредна островска цивилизација.

Многумина тврдат дека Атлантида се наоѓала некаде на подрачјето на Медитеранот, а истражувачот и писател Рајан Питерсон смета дека древниот град бил на подрачјето на денешен Израел.

До овој заклучок дошол со читање на Библијата. Како што вели, приказните за Атлантида се поклопуваат со неверојатните приказни за Нефилите, џинови кои биле получовечки, полуангелски суштества.

Питерсон е уверен дека Платон го опишувал древниот израелски град Гилгал Рефаим кога зборува за Атлантида. Преданијата за џиновите се поклопуваат со митовите за грчкиот бог Посејдон, кој имал деца со Атлантида.

Питерсон смета дека описот на Платон на изгубениот град е сличен на наводите од Стариот завет кои зборуваат за подемот на паднатиот ангел, со многу деца, чие кралство паднало иако било многу богато. Платон мислел на Посејдон, но слични приказни може да се најдат и во Библијата.

View image on Twitter
Гилгал Рефаим датира од 3000 година п.н.е и го добил прекарот Стоунхенџ од Блискиот исток, бидејќи бил граден во концентрични кругови.

Се верува дека и Атлантида била градена во кругови.

Некогаш, во центарот на поморското царство бил градот Атлантида, кој имал огромно пристаниште и храм посветен на Посејдон. Се верува дека Атлантида била уништена од природна непогода, како цунами или вулкан, поради што приказната за овој народ се претворила во легенда.

Сепак, научниците допрва треба да пронајдат силни докази дека Атлантида навистина постоела. Многумина сметаат дека Платон ја измислил приказната за да ги претстави своите филозофски теории.

(628)

Вашиот коментар