Познат е најбезбедниот автомобил на светот

 
 

Новата Mazda CX-30, Mercedes GLB и Ford Explorer се единствените модели кои добија 5 sвезди во последната рунда на тестирање за безбедност на NCAP (независно тело кое ја проценува безбедноста на возилото во Европа).

Мазда ја доби досега најдобрата оценка за заштита на возрасните патници.Јапонскиот SUV модел постигна оценка од 99 проценти во категоријата за заштита на возрасни патници, и доби максимален број  поени за тестови за странични удари и симулација на странични удари во дрво.

“Ова е навистина импресивен модел. Во случај на несреќа, има многу малку места што се побезбедни од предните седишта на Mazda CX-30”, изјави Метју Ејвори, од компанијата за тестирање NCAP.

CX-30 исто така доби оценка од 86% за заштита на децата, 80% за ранливи учесници во сообраќајот и 77% за безбедносни функции.

(161)

Вашиот коментар