Пораѓањето во вселената ќе стане реалност за шест години отсега

 
 

Иако идејата за пораѓање во вселената е како заплет од некој sci-fi филм, научниците веруваат дека тоа ќе стане реалност за шест години отсега. Биотехнолошката холандска компанија SpaceLife Оrigin објави дека планира да ги породи првите бебиња во вселената во 2024 година и дека за тоа бара волонтери.

Кис Мулдер, директор и основач на компанијата, смета дека ако човештвото планира да стане мултипланетарен вид, мора да научи како да се размножува во вселената. Од компанијата велат дека сакаат да направат своевиден вселенски инкубатор, кој со јајце клетки и сперма ќе биде лансиран во 2021 година.

Кога ќе се најдат во вселената, ембрионите ќе почнат да се развиваат, иако уште не се познати детали за целиот процес. По четири дена инкубаторот треба да се врати на Земјата, каде што ќе се одвива вистинската бременост и породувањето.

Компанијата го планира првото породување на бебе во вселената во 2024 година. Портпаролот на компанијаѕа изјави дека во текот на мисијата, која ќе трае од 24 до 36 часа, жената треба да се породи надвор од Земјата во придружба на добро обучен и висококвалитетен медицински тим. Внимателно испланираниот и контролиран процес ќе ги предвиди сите потенцијални ризици за мајката и детето по примерот на замадњачките стандарди кои постојат на Земјата.

(52)

Вашиот коментар