Претпродолжението на „Game of Thrones“ како нова серија на HBO

 
 

HBO официјално го најави претпродолжението на „Game of Thrones“. Тоа ќе биде исто така, во вид на серија, под наслов „House of the Dragon” („Куќата на Змејот“).

Според информациите, на сценариото ќе работат Џорџ Р.Р. Мартин, Рајан Кондал и Мигел Сапочник, а тоа ќе се заснова на книгата на Мартин – „Fire and Blood“ („Оган и крв“). Мартин е автор и на оригиналната „Game of Thrones“.

Новата приказна е сместена 300 години пред онаа во „Game of Thrones“.

(66)

Вашиот коментар