Продажбата на дресови доволно говори што значи Роналдо за Јувентус

Доаѓањето на Кристијано Роналдо во Јувентус на клубот му донесе голема заработувачка.

Кристијано Роналдо е ѕвезда на светско ниво, има голем број на фанови, па интересот за португалскиот фудбалер му носи голема добивка на Јувентус.

Продажбата на дресови и останатите обележја од доаѓањето на Роналдо значително пораснала. Само во последните шест месеци Јувентус заработил 26,52 милиони евра, бројка која е далеку поголема од минатата сезона.

 
 

Без ЦР7 имаше заработка од 14,65 милиони евра, што значи дека Португалецот за 81% ги зголемил приходите на „Старата дама“.

Сепак и расходите се големи, Јувентус потроши 12,8 милиони евра за да го опреми своите фан-шопови, што пак е за 5,5 милиони евра повеќе во однос на сезоната во која никој не сонуваше дека Ронадло ќе потпише за овој тим.

Овие бројки за скоро време ќе се променат, касата ќе биде побогата, не треба да се заборави дека Јуве доби екстра бонус од „адидас“ од 15 милиони евра. Тука се и приходите од спонзорите и рекламите кои стигнаа до 61,4 милиони евра, односно 18 милиони евра повеќе ид минатата година.

(43)

  
 

Вашиот коментар