Пронајден полжав стар 99 милиони години

 
 

Кинески научници открија полжав стар 99 милиони години. Праисторискиот примерок е пронајден во парче килибар во Мјанмар, објави „Нешанл џеографик“.

Ова е можеби едно од најзначајните откритија во историјата на палеонтологијата, бидејќи во фосилниот облик се зачувало мекото ткиво на животното, и ова е прв таков случај. Од мекото ткиво, зачувани се главата, стопалата и роговите, а примерокот е долг едвај 0,5 сантиметри.

Професорката Лида Синг од кинескиот Универзитет за геологија во Пекинг нагласи дека роговите и едно око на полжавот се зачувани недопрени од времето во парчето килибар.

(30)

Вашиот коментар