Работниците на Гугл протестираат поради сексуалното малтретирање на жените во компанијата

 
 

Вработените во канцелариите на Гугл ширум светот ги напуштија своите работни места во знак на протест поради начинот на кој компанијата постапува кон жените, барајќи неколку клучни промени во однесувањето на компанијата во случаите со сексуално вознемирување, пренесе Би-би-си.

Извршниот директор на Гугл Сандар Пичаи му порача на персоналот дека го разбира нивното незадоволство и дека го поддржува нивното право на акција.

„Ја разбирам лутината и разочарувањето кои многу од вас ги чувствуваат. И јас истото го чувствувам и ветувам дека ќе направиме напредок во однос на тој проблем, кој премногу долго е присутен во нашето општество… и да, исто така тука во Гугл“, рече тој Пичаи.

Гневот во компанијата достигна точка на вриење минатата недела кога беше откриено дека високо рангиран вработен, напуштајќи ја компанијата, примил отпремнина од 90 милиони долари, иако Гугл обвинувањата против него за сексуално вознемирување ги оценил за „веродостојни“.

Се работи за Енди Рубин, еден од извршните директори и „креатори“ на оперативниот систем Андроид.

Рубин со својата работа осигурил милиони долари приход за Гугл, бидејќи го осмислил оперативниот систем на кого работат речиси сите паметни телефони и таблети на светот, освен Ајфон и Ајпад.

Пред пет години за сексуално вознемирување го пријавила вработена на која тој ѝ бил шеф, обвинувајќи го за принудување на орален секс во хотел уште во 2013 година, но Рубин постојано ги отфрлал обвинувањата.

„Никогаш не сум принудил жена на секс во хотел. Овие лажни обвинувања се дел од кампањата на клеветење“, напиша Рубин на Твитер, додавајќи дека се работи на темпирана приказна која би требало да ја наруши неговата бракоразводна постапка и борбата за старателство.

Преку својот портпарол, порача дека тој го нашуштил Гугл самостојно и под свои услови, а не како се обвинува.

Но, факт е дека Гугл отпуштил дури 48 вработени како резултат на сексуално малтретирање. По напуштањето на компанијата, 48 од нив не примиле никаква отпремнина.

Вработените во штрајкот особено од Гугл побаруваат укинување на задолжителна арбитража во случаите на вознемирување и дискриминација за сите сегашни и идни вработени. Со укинувањето на присилната арбитража, жртвите би имале можност да поднесат тужба.

Исто така сакаат укинување на нееднаквостите во платите и можности за напредување и јавно објавување на извештаите за сексуално вознемирување.

View image on Twitter

(49)

Вашиот коментар