Редок розов дијамант се продаде на аукција за 50 милиони долари

 
 

Редок розов дијамант се продаде на аукција за 50,3 милиони франци (50 милиони долари), што е рекордна вредност по карат. „Пинк легаси“, тежок само 19 карати, беше купен од американскиот бренд „Хари Винстон“ на аукцијата во Женева.

Цената од 2,6 милиони долари по карат е светски рекорд за розов дијамант, според европскиот оддел на аукциската куќа „Кристис“.

Пред да биде ставен на продажба, тој беше проценет меѓу 30 и 50 милиони долари и се продаде само пет минути откако почна наддавањето. Новите сопственици му дадоа на дијамантот ново име – „Винстон пинк легаси“.

„Овој дијамант важи за еден од најубавите на светот. Тој има речиси 19 карати и е најрозов што може да биде, што е неверојатно и невидено. Тој го има највисокото ниво на интензитет на боја“, изјави Рахул Кадакија од „Кристис“.

Каменот бил пронајден во рудник во Јужна Африка пред стотина години и првпат бил обликуван во 1920 година.

(34)

Вашиот коментар