Ремек дело што висело во кујна 70 години продадено на аукција за 24 милиони евра

 
 

Ремек-дело од 13-тиот век пронајдено во кујната на една постара Французинка денес беше продадено на аукција за 24 милиони евра.

Сликата беше откриена од аукционер во јуни, додека бил во посета на една постара жена во Компигне, северна Франција и ја советувал да ја однесе на проценка кај експерт.

Излезе дека станува збор за делото „Ругање на Христа“ од Чени ди Пепо Чимабуе, фирентичар, кој го подучувал Џото и се смета за татко на западното сликарство.

„Сликата е уникатна, брилијантна и монументална. Чимабуе беше татко на ренесансата. Но, оваа продажба ги надминува сите наши очекувања “, велат од аукциската куќа.

Сликата е продадена на анонимен купувач, според АП.

Слика „Ругање на Христос“, со димензии 24х20 сантиметри, стоела на ѕидот помеѓу кујната и трпезаријата, а како што рече аукциската куќа, сопственичката ќе добие поголем дел од парите од продажбата.

Очекуваната цена беше од четири до шест милиони евра.

Покрај тоа, ова е прв пат на аукција да се објави дело на Чимабуе.

Историчарите на уметноста проценуваат дека славниот Фирентинец ја сликал сликата во 1280 година.

(51)

Вашиот коментар