Ретко населен регион во Италија нуди 25.000 евра за да се доселите

 
 

Ретко населен регион во јужна Италија им нуди на новодојденците 700 € месечно во рок од три години ако живеат во едно од неговите села.

Сепак, има неколку услови: селото мора да има помалку од 2.000 жители, а новодојденецот мора да вети дека ќе отвори бизнис.

„Доколку понудовме само финансирање, тоа ќе беше уште еден добротворен гест“, вели Донато Тома, градоначалник на Молиса. „Сакавме да направиме повеќе, сакавме луѓето да инвестираат тука. Тие можат да отворат каква било активност: пекара, продавница за канцелариски материјал, ресторан, што било. Тоа е начин да се внесе живот во нашите градови, а истовремено да се зголеми и населението“.

Тома исто така најави дека секое село со помалку од 2.000 жители би добило 10.000 евра со кои треба да гради инфраструктура и ќе промовира културни активности.

„Не станува збор само за зголемување на населението. На луѓето им треба и инфраструктура и причина да останат, инаку ќе завршиме назад таму каде што започнавме за неколку години “, рече тој.

Според италијанскиот Национален институт за статистика (Истат), Молисе, со население од 305.000, е меѓу регионите што изгубиле најмногу жители во последните години – од 2014 година заминале над 9000 луѓе.

Во 2018 година повеќе од 2.800 жители умреле или се преселиле во друга област, скоро 1.000 повеќе од претходната година. Ниту едно ново раѓање не е регистрирано во девет од неговите села и населени места.

Инаку, за прв пат по 90 години, бројот на италијански државјани кои живеат во Италија опадна на околу 55 милиони, според Истат.

Во 2014-18 година, бројот на италијански државјани кои живеат во земјата опаднал за 677.000. Два фактори се зад падот, според експертите: намалување на наталитетот, што е рекордно ниско ниво од обединувањето на Италија и зголемувањето на миграцијата на младите луѓе во други европски земји во потрага по можности за работа. Речиси 157.000 луѓе ја напуштиле земјата во 2018 година.

Италија е единствената голема европска економија чие население се очекува да се намали понатаму во наредните пет години, според ООН. Таа се рангира на второто место, зад Јапонија, како земја со најголем процент на постари лица, со околу 168,7 над 65-годишна возраст за секои 100 млади луѓе.

Во обид да ги реанимираат овие градови, неколку градоначалници, како што е оној во Сутера, во провинцијата Калтанисета во Сицилија, ги отворија вратите на нивните испразнети домови на барателите на азил кои го поминале Медитеранот од Либија.

Други, како што е Самбука, решени да направат се што е потребно за да преживеат, усвоија стратегија која стана мода на југ: продаваат, или практично подаруваат, напуштени домови на секој што сака да се всели во нив по симболична сума за една куќа од само 1 €.

(85)

Вашиот коментар