Рускиот панцир е отпорен на американската муниција, американската војска мора да го менува калибарот

 
 

Американската војска планира да ја опреми новата генерација на стрелачко оружје со муниција со калибар 6,8 милиметри, за да може да го пробијат новиот вид панцир кој го имаат Русија и Кина, пренесува Попјулар меканикс.

Новата муниција ќе ги замени куршумите со калибар 5,56 милиметри, кои се наменети за јуришната пушка М-16. Се истакнува дека тоа е муницијата која ја користат војниците на НАТО.

Весникот додава дека американските војници сметаат дека муницијата која сега ја користат е застарена за решавање на проблемот со новите панцири.

Со новата, покрупна муниција, ќе биде опремено новото оружје, кое ќе ги замени автоматската пушка М4А1 и митралезот М249.

(281)

Вашиот коментар