Руски милијардер и НАСА ќе бараат вонземјани на Енцелад

 
 

Енцелад е десеттата најоддалечена месечина на Сатурн. Интересно е што рускиот милијардер Јури Милнер, во соработка со НАСА, ќе бара знаци на живот на оваа месечина. Станува збор за прва приватна вселенска мисија од ваков вид.

Руско-израелскиот милијардер Јури Милнер ја планира првата приватна вселенска мисија во вселената, со помош на НАСА. Многу научници веруваат дека постои добра можност на Енцелад да постои микробиолошки живот. Претходно НАСА потпиша договор со непрофитната организација Breakthrough Starshot Foundation, така што нејзините научници ќе соработуваат за реализација на оваа мисија, финансирана од Милнер.

Со досегашните проучувања научниците откриле дека Енцелад од своите течни океани од внатрешноста исфрла органски молекули кои претставуваат претходници на микробиолошкиот живот. Токму затоа сметаат дека постојат потребни услови за одржување на живот.

Милнер, опремен со опрема за детекција за вонземски живот, сака да открие многу повеќе на оваа тема. Не станува збор за зелени вонземјани и слично туку за микроби кои живеат во екстремни услови како вулкански отвори или на дното на океаните.

Најновата студија на Универзитетот во Хајделберг откри голема можност дека во подземните води на Енцелав се крие едноставен микробиолошки живот, пишува Daily Mail.

(18)

Вашиот коментар