Сатанисти подигнаа споменик на ѓаволот

Во американската сојузна држава Арканзас одржан е митинг во чест на Првиот амандман на кој е претставена статуа на Бафомет висок 2,5 метри.

Споменикот на Сатаната го подигнал Сатанистичкиот храм, мала верска заедница на сатанисти кои илегално дејствуваат во САД.

Засега не е познато дали статуата ќе остане на местото поради противењето на одреден број жители.

Собирот е одржан пред зградата на владата, а на една страна биле сатанистите, додека наспроти нив била помала група на контрапротестанти кои носеле христијански симболи и изразиле спротивставување на подигањето на статуата.

 
 

Тие дополнително биле испровоцирани од фактот што покрај ѓаволот на статуата се претставени и две деца кои со воодушевување го набљудуваат ѕверот.

Засега споменикот останува на привремениот пиедестал, додека властите не донесат конечна одлука.

Бројни христијански групи се спротивставиле на кревањето споменик на Сатаната, додека во исто време, ширум САД продолжува активната дебата за рушењето на споменикот на војниците на Конфедерацијата, страна која е поразена во американската граѓанска војна.

  
 

(163)

Вашиот коментар