Сега и куклите за “забава“ стануваат паметни?

 
 

И додека кинеските власти се обидуваат земјата да ја претворат во лидер кога станува збор за вештачката интелигенција, новите технологии почнаа да ги прифаќаат и произведувачите на кукли за секс.

Индустријата за сексуални помагала “тешка“ е милијарди долари, а некои од најголемите светски компании кои ги произвеле се основани во Кина. Меѓу нив е и WMDOLL, компанија која произведува “напредни“ кукли за секс, пишува „Индепендент“.

Тие од 2016 година во нив интегрираат елементи на вештачка интелигенција, па така куклите можат да ги мрдаат рацете, торзото и очите.

Купувачите на овие кукли можат дури да изберат и како тие ќе изгледаат, да одберат колку ќе бидат високи, каква фризура ќе имаат па и боја на очи.

Елементите на вештачката интелигенција во нив сепак се многу основни, но куклите можат да одговараат на одредени прашања. Нормално, на едноставни прашања.

Меѓутоа, иако произведувачите сакаат нивните кукли да бидат “напредни“, експертите кои се занимаваат со вештачката интелигенција не се заинтересирани за такво нешто.

WMDOLL годишно продава околу 20.000 кукли за секс, а од тоа дури 20.000 од нив биле “засилени“ со елементи на вештачка интелигенција. Таквите кукли, имено, многу се поскапи и чинат од 1.500 до 7.400 американски долари.

(82)

Вашиот коментар