Серијата „Беверли Хилс“ се враќа на малите екрани со оригиналната постава

 
 

Оригиналната актерска постава од култната тинејџерска серија „Беверли Хилс 90210“ се враќа на малите екрани, пренесува Variety.

Џејсон ПрислиЏени ГартЈан ЗирингГабриеле КартерисБрајан Остин Грин и Тори Спелинг ќе ги гледаме во нови шест епизоди од „Beverly Hills 90210“. Од оригиналната постава ќе отсуствува само Лук Пери кој го играше ликот на Дилан МекКеј, кој го откажа своето учество во новите епизоди, а доживеа и мозочен удар.

Во новите епизоди ќе дознаеме што ќе се случува кога Џејсон, Џени, Јан, Габриеле, Брајан и Тори повторно ќе се соберат, после 19 години.

„Актерите нема да ги играат своите филмски ликови во серијата, туку еден вид на засилена верзија од самите нив лично, со здрава доза на непочитување инспирирана од нивните реални животи и односи“, се наведува во соопштението од FOX.

Претседателот на Entertainment FOX, Мајкл Торн, вели дека серијата остави неизбришливо влијание врз поп-културата и врз цели генерации.

„Моќното наследство на оваа серија се смелите приказни и ликови кои се поголеми од животот и тоа е важен дел од автентичната ДНК на нашата мрежа. Чест ни е што ќе ги вратиме омилените членови на оригиналната актерска екипа“, изјави Торн.

Крис Албергини и Мајк Чеслер ќе го напишат сценариото и ќе ги продуцираат новите епизоди од серијата.

Оригиналната серија премиерно беше прикажана во октомври, 1990 година и стана феномен на поп-културата, бидејќи во текот на 10-те сезони кои беа емитувани задираше и разработуваше важни тинејџерски проблеми – од ривалство во училиште, до бременост во тинејџерските години, силување и алкохолизам.

(59)

Вашиот коментар