Се роди првото бебе што законски нема мајка

 
 

Судија за семејно право во Велика Британија се чека многу бргу да донесе одлука бебето родено од транссексуален маж да стане првото бебе што законски нема мајка.

Бебето е дете на самохран родител кој е роден како жена, но сега живее како маж кога по сопствена волја направил неколку операции. Тој сака да биде запишан на родениот лист на детето како татко или родител, но законот налага да биде регистриран како мајка бидејќи тој го родил тоа дете, пишува „Дејли мејл“.

Сер Ендрју Мекфарлен, претседател на семејната служба во Високиот суд, ќе одлучи што треба да стои на листата на детето по раѓањето кога ќе завршат сослушувањето и рочиштето во февруари.

Родителот на детето тврди дека се работи за дискриминација, како и дека присилувањето да се нарекува мајка го повредува човековото право на приватност и семеен живот.

Што се однесува до судската пракса во Велика Британија, адвокатите напоменуваат дека сите транссексуални мажи што родиле деца додека биле жени биле наведени во изводот на родените на своето дете како мајка.

(87)

Вашиот коментар