Слеп инженер дизарнираше smart стап за слепи што се поврзува со Google Maps

 
 

Во многу случаи, аспектите на модерниот живот што нè опкружува е дизајниран да функционира преку умот на оној што го креирал. Ако архитектот нема проблем да се искачи по скали или да чита знаци, нивните стандарди и идеи веројатно ќе бидат отсликани во она што го креира без оглед дали тоа го знае или не.

Ова беше особено точно во годините пред да се посвети повеќе внимание на оние што живеат со посебни потреби преку решенија како рампи за инвалидски колички или знаци и копчиња со делови кои се напишани во Брајово писмо. Секако, иако можеби е полесно сега да се снајдат луѓето со посебни потереби отколку, да речеме, во 1950-тите, тоа не мора да значи дека луѓето се уште немаат предизвици.

Во нашиов случај, тој стар принцип на имплицитно дизајнирање на нештата според вашата слика, всушност може да го направи светот подостапен.

Курсат Цејлан бил инспириран од сопствените искуства, како човек кој бил роден слеп, кога ја основа турската компанија WeWalk.

„Како слеп човек, кога сум во метрото, ​​не знам кој е мој излез… Не знам кој автобус се приближува, кои продавници се околу мене“ вели тој.

Нему му било чудно зошто во свет каде летачките автомобили изгледаат како реална можност, слепите луѓе сè уште да се снаоѓаат со „обични стапчиња“ за да се движат низ околината.

Па така, тој и другите инженери од турската академија „Млад Гуру“ излегоа со високо-технолошко решение за да се премости или олесни овој проблем.

Според веб-страната на WeWalk, една од карактеристиките на „паметниот стап“ е што користи ултразвучен сензор за откривање предмети кои се над висина на градите на оној што го користи, па вибрира додека корисникот се приближува до тие предмети како предупредување.

Исто така има и мобилна апликација која ја поврзува со телефонот на корисникот преку Bluetooth.

Ова му овозможува на корисникот да ги искористи апликациите на неговиот телефон користејќи го тачпадот на стапот за одење наместо да мора да ”жонглира” со неговиот телефон.

Преку оваа врска, корисниците можат да пристапат до „Гугл мапс“ и неговиот гласовен асистент преку стапот за одење.

Со комбинација на овие карактеристики, smart стапот има за цел да ја олесни навигацијата низ околината.

Сега е достапен за купување на веб-страницата на WeWalk за околу 500 американски долари.

(66)

Вашиот коментар