Тажен сопственик за 35.000 долари клонирал веќе умрена мачка! Се препородил, повторно си игра со своето милениче

 
 

Кинез добил веродостојна копија на умрената мачка. Седум месеци откако умрела мачката на Хуанг Ју, Гарлик, ѝ бил подарен уште еден живот.

Новиот Гарлик го создала кинеската фирма Синоген со седиште во Пекинг, а на свет дошол на 21-ви јули, како прва клонирана мачка.

Оваа компанија веќе успеала да клонира кучиња, што чинат околу 53.000 долари, додека цената за клонирање мачки е 35.000 долари.

Ми Џидонг, шефот на фирмата, рекол дека и покрај високата цена, сите негови клиенти не се богаташи.

„Всушност, голем дел од клиентите се млади луѓе кои дипломирале во изминативе неколку години“, рекол тој.

Хуанг (23) бил пресреќен кога ја видел реинкарнацијата на Гарлик, па рекол дека сличноста на мачките е поголема од 90 отсто.

„Кога умре Гарлик, бев многу несреќен“, вели Хуанг. „Не можев да го поднесам тоа бидејќи смртта беше ненадејна. Се обвинував себеси што не го однесов навреме на ветеринар, а тоа доведе со смрт.“

Среќниот сопственик рекол дека се надева дека и карактерот на новиот Гарик ќе биде сличен на стариот, каков што му е и изгледот.

Клонирањето животни е илегално во многу земји, но одобрено е во Јужна Кореја и САД, каде минатата година пејачката Барбара Стрејсенд објави дека го клонирала своето куче.

Првото успешно клонирање во животинскиот свет е изведено во 1996-та година и тоа била овцата Доли, додека првото куче е клонирано во 2005-та година, во Јужна Кореја.

(23)

Вашиот коментар