Темпераментот на жените е одреден со крвната група

 
 

Кога станува збор за темпераментот, често се подразбира сплет на психолошки карактери: длабочина и стабилност на емоции, енергичност на делувањето, индивидуални карактеристики, однесување.

Постојат мноштво приспати и методи за решавање на оваа прашање. Јапонците и Корејците, на пример, се придржуваат до теоријата која ги поврзува карактеристиките на темпераментот со крвната група на човекот.

Немојте да се изненадите ако вашата анализа во долниот дел од текстот се испостави како прецизна. Јапонците и ден денес, при вработување, предвид ја земаат и крвната група.

0 крвна група

Жените во оваа крвна група се поприлично егоистични. Во односите со мажите се многу љубоморни и страствени. Доминантни и силни личности. Овие претставнички на понежниот пол се обидуваат во се да ги котролираат своите избраници, така да мажот кој ќе се обиде да ја изневери, тоа тешко дека ќе му тргне од рака.

Овие жени кон мирните и слаби партнери бргу стануваат рамнодушни. Вреди да се напомене дека меѓу успешните, бизнис жени и познати дами домибираат токму жените со оваа крвна група.

Од своите мажи очекуваат среќа, задоволство и нежност. како сопруги владеат од позадина и често се активираат во изградбата на кариерата на својот сопруг. Како мајки, кон децата се поставуваат пријателски, а сопствените амбиции ги остваруваат и преку сопругот и децата.

А крвна група

Ова акрвна група ги карактеризира жените кои се одликуваат со трпение и смиреност. Многу често за нив владее мислењето дека се несебични, друштвени и многу дисциплинирани. Пред се, овие жени ценат уредност и комфор. Секогаш тежнеат кон бесконфликтно решавање на проблемите.

Но, при сето тоа, жентие од оваа крвна група многу се тврдоглави и понекогаш раздразливи. Често се доживуваат како потчинети. Во љубовните односи се многу срамежливи.

Го почитуваат партнерот и неговите квалитети. Меѓутоа, поради емотивната и чувствителна природа, своите чувства ќе ги откријат дури кога целосно ќе бидат сигурни дека нема да бидат изневерни и повредени. Како сопруги се идеани. Жените од крвната група А се мајки кои внимаваат и ги поддржуваат своите деца, но и бараат многу од нив.

Б крвна група

Овие жени се одликуваат со флексибилност на карактерот. одлично поднесуваат осаменост, но во голем колектив се чувствуваат како риба во вода. За разлика од првите две крвни групи, тие не сакаат да бидат видени, ниту да бидат потчинети. Но, знаат многу добро да извлечат корист од различните ситуации, чувајќи ја притоа својата независност.

Таквите жени одлично се снаоѓаат во општеството. Сакаат флер, не треба да бидете изненадени од фактот дека имаат многу пријатели од спротивниот пол.

Во љубовта очекуваат нежност и задоволство, среќа и верност, како и постојано внимание на своите избраници. Во апртнерските односи делуваат помалку захтевно и недопирливо и затоа потешко се одлучуваат за брак. Инаку, кога ќе се омажат и ќе станат мајки, многу се лојални и посветени.

АБ крвна група

Претставничките од оваа крвна група се многу чувствителни и урамнотежени. Многу се тактични, пристоји и чесни. Притоа, овие дами многу тешко донесуваат било какви одлуки, буквално ги кинат сомнежи и внатрешни конфликти. Таквите жени често се сакани. ВО љубовните односи се многу искрени.

Тие обожаваат мажи со авантуристички дух, меѓутоа, уживаат во љубовта само додека им дозволуваат да останат мистични. Како мајки се попустливи кон децата и се благи. Успешно наоѓаат мерка колку можат да бидат пријателски настроени со своите деца.

(242)

Вашиот коментар