“Хобит куќи” – новата туристичка атракција во Турција!

 
 

На подрачјето на градот Сивас, на северниот дел на Турција, изградени се куќи според примерот од филмот “Господар на прстените”, кои предизвикуваат голема заинтересираност како кај домашните така и кај странските туристи.

Токму како што може да се забележи и во филмот овие куќи се дизајнирани за живот под земјата и тревата.

Општината Сивас се одлучи на ваква изградба поради серијата на романите и познатите филмови, кои имаат многубројни фанови ширум светот. Со завршувањето на изградбата на овие седум куќи, завршена е и втората етапа од овој проект кој опфаќа 24 “хобит куќи”.

View image on Twitter
View image on Twitter
View image on Twitter
View image on Twitter

Во секоја куќа има сè што му е потребно на еден дом и на оние кои ќе одлучат таму да поминат одредено време, од кујна па до спална соба.

Градоначалникот на Општината, Ајдин истакна дека заинтересираноста за престој во овие куќи е многу голема од туристите од ширум светот, како и дека тие се изградени во земјата, па на лето температурата е пријатна за престој, а на зима е топло.

“Нашата цел е во иднина бројот на овие куќи да достигне од 40 до 50. Гледаме дека овој проект наиде на позитивни критики. На луѓето им се потребни вакви места. Многу се препорачуваат, бидејќи се одлични за одмор и опуштање”, изјави тој.

“Луѓето на секое место можат да пронајдат хотели со пет ѕвезди, но тешко дека ќе најдат место кое е во природа и каде децата ќе можат мирно да играат и воедно да се одмараат”, рече Ајдин.

(39)

Вашиот коментар