Честичките од загадениот воздух за првпат поврзани со ракот на мозокот

 
 

Новите истражувања за првпат ги поврзаа наночестичките од загадениот воздух со карциномот на мозокот, пишува „Гардијан“. Предходните истражувања покажаа дека наночестичките можат да бидат носители на канцерогени хемикалии и како такви можат да влезат во човечкиот мозок.

Ултра ситните честички (UFP) произведени со согорување на гориво, особено кај дизел возилата и зголемената изложеност на загадување, значително ги зголемуваат шансите луѓето да заболат од смртоносен карцином.

Ракот на мозокот е редок, а научниците пресметале дека изложеноста на поголемо загадување е приближно еднаква на преселба од тивка градска улица, во улица со голем метеж. Тоа придонесува за зголемување на процентот на заболени, односно доведува до уште еден случај на карцином на мозокот за секои 100.000 изложени.

ЕКОЛОШКИТЕ РИЗИЦИ, КАКО ЗАГАДУВАЊЕ НА ВОЗДУХОТ НЕ СЕ ГОЛЕМИ ПО ОБЕМ, ТУКУ ОПАСНОСТА ОД НИВ ДОАЃА ПОРАДИ ТОА ШТО НА НИВ Е ИЗЛОЖЕНА ЦЕЛА ПОПУЛАЦИЈА, РЕЧЕ СКОТ ВАЈХЕНТАЛ, ОД УНИВЕРЗИТЕТОТ МЕКГИЛ ВО КАНАДА, КОЈ ЈА ВОДЕШЕ СТУДИЈАТА. „ЗНАЧИ, КОГА ГИ МНОЖИТЕ ТИЕ МАЛИ РИЗИЦИ СО МНОГУ ЛУЃЕ, МОЖЕ ДА ИМА МНОГУ СЛУЧАИ ОДЕДНАШ. ВО ГОЛЕМ ГРАД, ТОА БИ МОЖЕЛО ДА БИДЕ ЗНАЧИТЕЛЕН БРОЈ НА ЗАБОЛЕНИ, ОСОБЕНО АКО СЕ ЗЕМЕ ПРЕДВИД ФАКТОТ ДЕКА ОВИЕ ТУМОРИ СЕ ЧЕСТО СМРТОНОСНИ.

Студијата ги анализира медицинските досиеја и изложеноста на загадување на 1,9 милиони возрасни Канаѓани во периодот од 1991 до 2016 година. Ваквите големи студии даваат цврсти докази, но не и причина и последица. Вајхентал вели дека врската помеѓу ракот на мозокот и наночестичките е „изненадувачки доследна“, но бидејќи ова е прва студија, важно е понатаму да го потврдат и другите истражувачи.

Откривање на многу токсични наночестички од загадување на воздухот во човечкиот мозок беше извршено во 2016 година. Со сеопфатен глобален преглед во 2019 година заклучено е дека загадувањето на воздухот може да му наштети на секој орган и скоро секоја клетка во човечкото тело, објави „Гардијан“

Научниците потврдуваат: Вдишувањето на загадениот воздух предизвикува мозочен удар и срцев удар

Шефот на Националната здравствена служба во Англија (ХНС) предупреди на „опасност по здравјето“ од загаден воздух, бидејќи новите бројки откриваат дека заради загадувањето стотици деца и возрасни страдаат од срцев удар и мозочни удари или сериозни напади на астма. Истражувачите, кои посетиле девет градови во Англија, исто така ја потврдија врската помеѓу загадувањето на воздухот и ракот на белите дробови, јавува Би-Би-Си.

(181)

Вашиот коментар