Швајцарија забрани продажба на дезодоранси со алуминиумски соли, обвинува дека се канцерогени

 
 

Швајцарија е првата земја која ќе ја забрани продажбата на дезодорансите кои содржат канцерогени алуминиумски соли. По студијата од 2016 година која утврди дека во дезодорансите има отровни хемикалии кои влијаат на формирање на карцином на дојка, парламентот со 126 гласа ја изгласа забраната.

Мерката, исто така, ги повикува научниците да спроведат истражување кое ќе ја докаже врската помеѓу употреба на дезодоранс и зголемен ризик од рак на дојка. Алуминиумските соли се активни состојки кои се користат во производството на многу антиперспиранти на пазарот кои помагаат во спречување на прекумерно потење и непријатните мириси.

Токсичните хемикалии ја блокираат работата на жлездите.

Од друга страна, хемикалиите ја намалуваат количината на влагата која е присутна во кожата. Меѓутоа, нивното влијание исто така поттикнува собирање на ткиво во дојките. „Повеќето антиперспиранти и дезодоранси ја содржат оваа хемотерапија која предизвикува рак“, напоменуваат истражувачите.

Избегнувајте ги алуминиумските соли

Студијата објавена во списанието International Journal of Cancer, минатата година служеше како примарна причина за да Швајцарија ја забрани употребата на алуминиумската сол во производството на дезодоранси.

Истражувачкиот тим упатува апел до жените да избегнуваат користење на производи кои содржат алуминиумски соли.

Исто така, повикува на законска забрана на ист начин како и за азбестот.

(337)

Вашиот коментар